Новиот соковник со ладно цедење Philips

  • Најздравото цедење на сок

Philips Avance центрифугалeн соковник
HR1922

  • FiberBoost технологија - со еден клик можете да одберете помеѓу чист, освежувачки џус или густ, поздрав џус со 50% повеќе овошни ресички
  • Моќен 1200 W мотор
  • Брзo чистење со интегриран прекинувач на капки
  • Тивок мотор

Максимум сок, минимум
напор

Со соковниците Philips серија Avance,
приготвувањето на вкусни и здрави
сокови е полесно од било кога.

Погледнете го видеото за да
разберете како

Video

Чистење за 1 минута!

Функција PreClean

Преку излевање на вода во клипот за овошје, во апаратот се создава млаз вода, која ги плакне и чисти несаканите остатоци овошна каша од капакот и го прави ситото полесно за чистење.

Технологија QuickClean

Иновативната технологија QuickClean Ви овозможува да го исчистите Вашиот соковник Philips само со плакнење. Функцијата за предчистење се справува со поголемиот дел од нечистотиите. А благодарение на мазната површина на полираната цедилка можете да ги избришете лепливите влакна со сунѓерче. Сето тоа за помалку од миунута.

Полирана цедилка QuickClean

Мазната површина на полираната цедилка QuickClean Ви овозможува да го исчистите Вашиот соковник Philips само за една минута. По претходно чистење едноставно отстранете ги влакната со стандардна кујнска четка.

Вграден сад за овошна каша

Нема повеќе овошна каша, залепена во секој агол и пукнатина на Вашиот соковник Philips. Мазната површина на вградениот сад ја собира целата овошна каша на едно место. Чистењето е полесно, побрзо и со помалку загадување.

Максимум сок, минимум напор

XXL цевка

Големата, 80-мм цевка за поднесување овозможува да приготвувате сок дури од големо овошје и зеленчук како јаболка, моркови и цвекло без претходно сечење.

Додаток цитрус преса

Благодарение на додатокот цитрус преса, можете да приготвите свеж сок од агруми дома секој ден. Ротирачкиот систем користи оптимална брзина, со која добивате сок брзо и лесно. Нема повеќе притискање.

Цеди 2,5 литри одеднаш

Во зависност од видот на овошјето и зеленчукот возможно е да приготвите до 2,5 литра сок одеднаш, без да го испразните садот за овошна каша.

10% повеќе сок

Благодарение на иновативниот систем за цедење на сок со цедилка завртена нагоре, овој соковник цеди до 10% повеќе сок (во споредба со Philips HR1861).

Инспиративни рецепти, здрави програми и корисни информацији со нашата специјална

мобилна апликација

Од хранлива информација за Вашите омилени здрави пијалоци, до детали за придобивките по однос на здравјето, од поединечна рецепта до еднонеделни програми според Вашите лични цели. Сега ги имате сите тие можности на едно место, секогаш подготвени да Ви помогнат. Дури и со Вашата шопинг листа.

Преземете ја бесплатно од

или

Им помага на луѓето од целиот свет да направат поздрав избор.

Philips има долгогодишно искуство во изработка на соковници, кои се иновативни, практични за користење, лесни за чистење и кои Ви овозможуваат да правите здрави и вкусни сокови за своето семејство во домашни услови.

Нашиот класичен спектар од центрифугални соковници е веќе во домовите на над 2 милиони корисници, помагајќи им секојдневно, затоа што ние се фокусираме на изработка на иновација, која е значајна за луѓето.

*Извор: Euromonitor International Ltd; малопродажно издание
2015 година,обем на малопродажба во 2013 и 2014 година